Во завршна фаза зелениот корнер во „Лептокарија“

Од:

Интензивно се работи на уредување на јавниот простор на влезот од трговскиот центар „Лептокарија“, во населбата Карпош 3. Веќе се засадени дел од украсните растенија, а поставени се и нови клупи за седење и подлога, информираат од Општина Карпош.

За подобро одржување на новозасаденото зеленило, ќе се постави и систем за наводнување, како и реквизити за рекреација на најмладите.

Уредувањето на овој дел од Карпош е донација од „Халкбанк“ АД Скопје, во рамки на проектот „HalcEco“, чија основна цел е заштита и унапредување на животната средина.

Локалната самоуправа континуирано работи на одржување на постоечкото и зголемување на новото зеленило. Неделава, комуналните служби ги кастреа сувите и надвиснати гранки во повеќе населби низ Карпош. Исто така, продолжи и двосменската работа за наводнување на новозасадените дрвја и тревни површини, на локациите каде што не се поставени автоматски системи, велат од Општината.

Овие зелени површини, мини скверови и паркчиња, треба да обезбедат подобар маалски живот и меѓугенерациска дружба на карпошани, бидејќи тоа се места каде што луѓето се социјализираат и рекреираат.

Од Карпош ги повикуваат сите граѓани при посетата на овие зони да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид – 19: да носат заштитни маски, да одржуваат дистанца и да вршат редовна дезинфекција.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски