ВИДЕО: Снимка од тунелот преку кој сакале да побегнат затворениците од Идризово

Од:

Министерството за внатрешни работи, Биро за јавна безбедност, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Агенцијата за национална безбедност спречи организирано бегство од Казнено поправниот дом Идризово.

Имено, Министерството за внатрешни работи по добиени криминалистички сознанија дека група од најмалку 8 осудени лица кои издржуваат казна затвор во КПД Идризово, осудени за сериозни кривични дела со определени казни од 10 години до доживотен затвор, подготвуваат бегство од затворот со копање на тунел, спроведе криминалистичко оперативни активности на проверка на информациите по што истите ги сподели со Управата за извршување на санкциите, велат од МВР.

По доставувањето на сознанијата до Управата, од нивна страна се извршени проверки на местото кое беше посочено како потенцијален тунел, при што беше утврдено постоење на ископан тунел во должина од околу 40 метри, лоциран до објект кој се користел за одлагање на јаглен во правец на заштитната ограда позади која се наоѓа женското одделение, а во непосредна близина на зградата на затвореното одделение на затворот, на длабочина од околу 1 метар, во дијаметар од околу 80 сантиметри, соодветно обезбеден со попречни греди и тули. Во тунелот се пронајдени повеќе пластични корпи на кои се врзани јажиња, а со кои се извлекувала ископаната земја и електричен кабел со сијалица која им служела за осветлување на тунелот, соопштуваат од МВР.

Министерството за внатрешни работи во координација со надлежното јавно обвинителство презема дополнителни мерки и активности за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Tурчин кој одлежувал казна во „Идризово“ починал во болница

45-годишен осуденик од Велес починал во затворот „Идризово“

Помилуваниот Акиф Равмановски само што излезе од „Идризово“ е уапсен за убиство

Горан Наумовски

МВР: Во „Идризово“ бил претепан и силуван 40-годишен осуденик

Во центарот на Скопје уапсен бегалец од „Идризово“

Затвореник од „Идризово“ му се заканувал на неговиот поранешен адвокат

Горан Наумовски