Во затвор основачот на Телекабел, Роберт Димитров

Од:

Роберт Димитров, основач на Телекабел од 05.09.2014 е на извршување на казна затвор шест месеци за инцидентот, кој го предизвика пред две години со напад врз синот на сопственикот на компнијата Нико Петрол, пренесува Канал 77.

Канал 77 пренесува дека настанот е од 17-ти март 2012 година, кога Димитров го нападна штипјанецот Мишко Николов, син на сопственикот на компанијата „Нико петрол“. Инцидентот се случил во штипски мотел, каде Мишко Николов ја одвел поранешна девојка на Димитров.

-Димитров тогаш заедно со неговиот телохранител влегол во собата за да ја земе девојката, по што настанала расправија и тепачка. Кога Димитров заедно со девојката излегувал од мотелот, патот му го попречил друг пријател на повредениот, кој исто така од осудениот добил силен удар во главата, по што паднал на земја. Со тешки повреди на главата, момчето беше пренесено во штипската болница. Со повреда на носот во болница заврши и Мишко Николов, пишува Канал 77.

Роберт Димитров е во затвор за кривичното дело „насилство“, откако ги поминал сите судски инстанци. Имаше шпекулации дека се обидел да се спогоди со семејството на повредениот Мишко Николов, со цел да го избегне затворот.

Мите Николов, таткото на повредениот Мишко, денеска негираше дека со Димитров воопшто разговарале за такво нешто, дури како што рече, го нема видено од инцидентот.

Роберт Димитров пред неколку години беше посочен како нарачател на физичкиот напад врз соптвеникот на Канал 77, Горан Гаврилов. Димитров, Судот го ослободи од обвинението поради недостаток на докази.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Панче Тошковски го суспендира командирот од Ропотово, Даница Чадиева од СДС преку Второстепена го враќа

Полицајци земале поткуп од странци, па им фингирале документи дека влегле или излегле од Македонија

(ВИДЕО) Кузеска: Скандалот во МВР со испитниот центар смрди на корупција!

Млада жена се обидела да ја убие бабата на сопругот, поведена истрага

МВР: На ниту еден граѓанин не му беше скратено правото да присуствува на вчерашниот протест во Кочани

Предраг Петровиќ

Скопјанка криумчарела мигранти од Египет