Во заедничка акција на македонската и грчката полиција: Спречен меѓународен транспорт на 85 килограми дрога

Од:

МВР во координирана акција со Службата за борба против дрога од градот Килкис, Р.Грција, спречи транспорт на 85 килограми марихуана и притоа во Македонија се уапсени четири лица, додека во Република Грција е распишана потрага по едно лице грчки државјанин.

Од МВР велат дека вчера во претпладневните часови од страна на полициски службеници на РЦ Исток биле забележани во движење лица со трактор и едно лице со моторцикл на планината Беласица, кои се упатиле во правец на државната граница помеѓу двете земји.

Под сомнение дека лицата со тракторот преземаат нелегални активности односно пренесуваат наркотична дрога веднаш бил известен Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи од чија страна е стапено во контакт со надлежната служба во Република Грција.

Како резултат на заедничките координирани активности помеѓу македонските и грчките служби на територијата на Грција околу 13 часот по преземени мерки од страна на полициските служби од Килкис, Р.Грција било лоцирано патничко возило со грчки регистерски ознаки, во кое при преглед од страна на полициските службеници од Грција биле пронајдени и запленети 54 најлонски пакети кои содржеле вкупно 85 килограми канабис.

Во исто време, од страна на полициски службеници од СВР Струмица и РЦ Исток преземени се мерки и откако се утврдени лицата кои биле инволвирани во наведениот транспорт на марихуана лишени се од слобода М.Р. (34) од Струмица, С.Р. (29) од Струмица, Г.Х. (33) од Струмица и Ј.И. (38) од Струмица.

Денеска од страна на СВР Струмица поднесена е кривична пријава против наведените лица до Основно Јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсени се двајца дилери од Прилеп, пронајдена е дрога и пушка

Претрес во Кичево, пронајдена дрога, приведени двајца дилери

А1он

Претрес во Мала Речица, пронајдена е дрога

Горан Наумовски

Уапсен дилер од Штип, кај него пронајдена дрога и голема сума пари

Горан Наумовски

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога

Орце Костов

Криминалци од Србија продавале дрога и оружје во Данска, заработиле над два милиони евра