Во вториот круг избрани градоначалници во 43 општини и Град Скопје

Од:

Заврши вториот круг од локалните избори во земјава кои претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски ги оцени како успешни, на кои за првпат беа употребени апарати за отпечаток од прст.

ДИК ги објави првичните неофицијални резултати според кои во вториот круг ВМРО-ДПМНЕ освои градоначалнички места во 20 општини, СДСМ во седум, ДУИ во седум, Алијанса за Албанците – Алтернатива и Беса по две, и по едно градоначалничко место имаат освоено ДПА, ГРОМ и Коалицијата ЛДП-ДОМ.

Во вториот круг победија и независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје Данела Арсовска, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, независниот кандидат Максим Димитриевски во Куманово, и независниот кандидат во Дебарца Зоран Ногачески.

– Како што кажав, првиот круг ќе биде малку потешко, затоа што не е извежбано, меѓутоа вториот круг помина речиси 100 проценти успешно и понатаму очекуваме усовршување на овој процес. Беше битно да се почне, секогаш има детски болести, меѓутоа ако не почнеме ќе може да заостанеме во целокупниот развој, а се работи за прилично важна категорија за развој на демократијата, изјави Даштевски, заблагодарувајќи се на членовите и вработените во ДИК, како и на политичките партии, медиумите, печатницата, компанијата што ја изработи апликацијата.

Конечните резултати, како што најави Даштевски ДИК ќе ги објави во текот на денов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште

ДИК: Гласањето во четирите општини се одвива без нарушувања

Горан Наумовски

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Заклучен е Избирачкиот список за повторените избори во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа