Во Врапчиште откриена уште една нелегална обложувалница

Од:

Гостиварската полиција за два дена откри уште една обложувалница која работела без потребните документи и дозволи, информираат од СВР Тетово. По контролата, заплената е опремата од локалот.

– Полициски службеници на СВР Тетово – полициска станица Гостивар, вчеравечер околу 19 часот извршиле контрола во спортска обложувалница во Врапчиште, која работела без потребните документи-дозвола од надлежен орган. При тоа, од лицето Н.Р. (51) од тетовски Раковец, времено му е одземена целокупната опрема што се наоѓала во објектот, вели портпаролот Марјан Јосифоски.

Тој потврдува дека меѓу одземените работи се пет телевизори, четири компјутерски куќишта, три печатачи, две тастатури, два далечински управувачи, два мауси и друго.

По целосното расчистување на сите поединости, ќе следува соодветен поднесок по Законот за игри на среќа. Пред две вечери, во соседното село Топлица беше откриена нелегална обложувалница. Заради противење и попречување на контролата, при што еден полциаец бил физички нападнат, прведени беа три лица.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР