Во Врапчиште и во Маврово-Ростуше почна гласањето на сите избирачки места

Од:

Првиот круг од шестите претседателски избори утрово почна на сите 39 избирачки места во општина Маврово-Ростуше.

Во избирачкиот список на територијата на Маврово Ростуше запишани се 9. 721 граѓанин со право на глас, кои гласаат на 39 избирачки места. Претседателот на ОИК Маврово Ростуше, Харис Ибраими потврди дека се обезбедени сите услови за спроведување на првиот круг од изборите за претседател.

Во Маврово-Ростуше вчера избирачкото право го искористија шест граѓани од седум пријавени.

Првиот круг од шестите претседателски избори утрово почна и на сите 39 избирачки места во општина Врапчиште.

Претседателот на ОИК Врапчиште Имер Ќазими потврди дека се обезбедени сите услови за спроведување на првиот круг од изборите за претседател и гласањето почнало навреме.

Во избирачкиот список на територијата на Врапчиште запишани се 25.594 граѓани со право на глас. Во текот на вчерашниот ден во оваа општина гласаа девет лица.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?