Во водата во Гостивар нема колиформни бактерии покажале испитувањата три дена по ред, неизвесно е кога ќе биде за пиење

Од:

Емилија Аневска од скопски „Водовод“ информираше дека во изминатите денови се земени шест примероци од крајни потрошувачи во Гостивар, при што во сите примероци три дена по ред не е регистрирано присуство на колиформни бактерии.

Таа појасни дека поради извршеното хлорирање со повисока концентрација, анализите не покажале ниту присуство на трихалометани над дозволените граници. Резултатите се доставени до Кризниот штаб и до Агенцијата за храна и ветеринарство, како надлежен орган.

„Во следните денови ќе го зголемиме бројот на мерни места и со континуиран мониторинг ќе го следиме квалитетот на водата сè додека не се потврди дека е исправна за пиење. Во овој момент не можам точно да кажам кога водата ќе може да се користи за пиење“, изјави Аневска.

Таа додаде дека Јавното претпријатие во Гостивар се соочува со проблеми во процесот на дезинфекција на водата, кој треба дополнително да се стабилизира.

„Ќе се обидеме во наредните неколку дена да го решиме и овој проблем. Кога дезинфекцијата ќе биде континуирана и вредностите ќе бидат во нормални граници за обезбедување безбедна вода, прво ќе го известиме Кризниот штаб, а потоа и граѓаните“, рече Аневска.

Би можело да ве интересира

Уапсен е гостиварец кој ја силуваше вонбрачната партнерка

Горан Наумовски

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

Сметките за вода за август во Гостивар нема да се плаќаат

А1он

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Левица: Гостиварци ја платија кризата со здравје и страв, а власта сега им испраќа и фактура – Советот дреме

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски