Во виничко Трсино почна изградба на филтер станица за вода

Од:

Со средства од буџетот на општина Виница и од Европската инвестициска банка денеска во селото Трсино почна изградбата на нова филтер станица за вода.

Со оваа капитална инвестиција чија вредност е над 10,5 милиони денари, до крајот на годината за над 250 семејства ќе биде обезбедена чиста и квалитетна вода за пиење.

На поставувањето на камен-темелникот на објектот, градоначалникот на Виница, Ивица Димитров рече дека покрај филтер станицата, ќе се изгради целосно нов резервоар за вода, а ќе се реконструира и постојниот цевковод по кој водата ќе се носи до домовите.

– Поради застарениот начин на изградба на постојните извори, досега во поголем дел од годината доаѓаше до заматување на водата и таа не одговараше ниту на минималните стандарди за исправност. Со новата инвестиција ќе обезбедиме пречистување со грубо и фино филтрирање, како и дезинфекција, со што жителите на Трсино ќе добијат санитарно исправна вода за пиење, истакна градоначалникот Димитров.

Со изградбата на филтер станицата и реконструкцијата на главната водоводна линија ќе се избегнат загубите на вода од изворот, а општината ќе ги намали трошоците за поправки и одржување. Заштедените средства ќе се пренаменат за решавање на другите комунални прашања во Трсино.

Би можело да ве интересира

Пијан возач предизвика сообраќајка во Виница, па побегна со возилото

А1он

„Марш за ангелите“ во Виница: Каде биле инспекторите – одговорноста за последиците од пожарoт не запира кај сопственикот на објектот

А1он

„Марш за ангелите“ денеска во Виница: За вистината што предолго се турка во сенка!

А1он

Нова измама: Лажен лекар од жена зема 12.400 евра

(ВИДЕО) Милевски: Сомнителен молк на кандидатот на ДПМНЕ, Костадиновски за случајот Детонатор, а Пулс, дивата сеча и тепањето советник

Обвинителството бара притвор за маж од Виница кој со камења на познаник му го скрши черепот и е во кома

Горан Наумовски