Во Виничко поднесени 300 пријави за штети од мразот

Од:

Во Виничко до вчера, кога заврши крајниот рок за поднесување на пријавите од настанатите штети од мразот што во во април ги зафати лозовите насади и овоштарниците, се поднесени вкупно 300 барања.

Комисијата од Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство последните денови беше во обиколка на лозовите насади во атарот на Виничка Кршла каде, како што истакнуваат, е констатирана огромна штета. Кај лозовите насади со вранец штетата е речиси 80 отсто, додека кај другите сорти изнесува од 50 до 60 отсто.

Според раководителот на ПЕ во Виница, Зоран Соколов, кај лозовите насади, кои се на површина од 320 хектари, оштетувањето е претежно од зимските мразеви, а дополнително и од доцниот пролетен студ.

Соколов истакнува дека од вкупно поднесените барања, дел се однесуваат и за стопроцентно обесштетување за 18 хектари со ореви и 15 со сливи. Вишната која во Виница е на површина од 70 хектари и црешата која е распространета на 12 хектари имаат оштетување од 90 проценти. Слична е состојбата и со дрвцата со кајсии, а како најотпорни на ниските температури се покажале бадемите кај кои е констатирано оштетување од 60 отсто. Кај лешниците, кои во Виница се на површина од 60 хектари, не се забележани никакви оштетувања.

По направениот увид на теренот записниците ќе бидат доставени до ресорното министерство.

Би можело да ве интересира

МВР: 38-годишен маж од Виница починал во двор на познаник

Отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица во Виница

Горан Наумовски

Виница: Ја претепал, силувал и снимал 20 – годишната вереница

А1он

На улица во Виница се истепале три жени

Банда од Виница крадела по куќи и мачела животни

Приведен разбојник на автобуска станица во Виница