Во Виница утре авионско прскање против комарци

Од:

Општина Виница утре во раните часови ќе го изврши првото авионско прскање против комарци на територија од општината.

Од општината истакнуваат дека ќе биде опфатена површина од 1.000 ха во градот и полските населени места, вклучувајќи ги и земјоделските површини по течението на реките Брегалница, Осојница и Виничка река.

За оваа намена ќе биде употребен широкопојасен инсектицид одобрен од Дирекцијата за лекови, а третирањето ќе ги изврши компанијата „Бони ер“ од Куманово со која општината има склучено договор.

На почетокот на август се планира уште едно авионско прскање против комарци на територија на општината во кое ќе бидат опфатени повторно 1.000 ха површина.

Би можело да ве интересира

МВР: 38-годишен маж од Виница починал во двор на познаник

Отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица во Виница

Горан Наумовски

Виница: Ја претепал, силувал и снимал 20 – годишната вереница

А1он

На улица во Виница се истепале три жени

Банда од Виница крадела по куќи и мачела животни

Приведен разбојник на автобуска станица во Виница