Во Виница се одржа прва Регионална конференција за формирање младински совети

Од:

Од 11 општини во Источниот регион, само во Штип има активен и функционален Младински совет. Неколку други општини формирале совети, но тие не работат, а останатите воопшто ни не спровеле иницијатива за нивно формирање.

Ова беше констатирано на првата Регионална конференција за формирање и функционирање на младински совети што се одржа во Виница, а чии организатори беа Асоцијацијата за интернационална мобилизација и Civica Mobilitas.

– Младите во секоја општина мора да имаат свое тело кое ќе ги застапува нивните интереси и ќе развива, координира и мониторира младински политики. Затоа сакаме јасно и гласно да апелираме до локалните власти преку своите општински совети да започнат иницијативи и да донесат одлуки за формирање на младински совети. Ние ќе организираме обуки за аплицирање на европски и регионални проекти за што им нудиме дополнителна поддршка, истакна Никица Бачовски од Асоцијацијата за интернационална мобилизација.

Една од задачите на Младинскиот совет е да се ангажира на специфични теми, а главната насока треба да биде едукација, спорт, култура и други активности настани што ги опфаќаат младите.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка во близина на Виница, шестмина се повредени

Жена од Виница била нападната од нејзиниот зет

Двајца мажи и малолетници истепале жена

Горан Наумовски

МВР: 38-годишен маж од Виница починал во двор на познаник

Отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица во Виница

Горан Наумовски

Виница: Ја претепал, силувал и снимал 20 – годишната вереница

А1он