Во Виница по седми пат се одржа Тодоровите трки

Од:

Виница годинава по седми пат беше домаќин на возобновените Тодорови трки, кои се организираат по повод верскиот празник Тодорица. Годинава учествуваа над 300 учесници во десет различни дисциплини.

– Во натпреварите учествуваа ученици од основните и средните училишта од општината, од детските градинки, како и повозрасни граѓани кои се напреваруваа во десетина традиционални спортски дисциплини. Средствата што ќе ги собереме од Тодоровите трки годинава ќе бидат наменети во хуманитарни цели, односно ќе оцениме на кои луѓе им е потребна помош и на тие ќе им помогнеме, изјави Емил Дончев, градоначалник на општина Виница.

Годинава, додаде Дончев, во традиционалните Тодорови Траки се вклучија и повеќе компании од општината, со што директно учествуваа во хуманитарната активнсот која ја спроведуваме.

Манифестацијата е поврзана со одбележувањето на верскиот празник Тодорова сабота, а нејзиното возобновуавање го покрена општина Виница за да не се заборават спортските обичаи што пред стотина и повеќе години ги практикувале нашите предци.

Би можело да ве интересира

Обвинителството денес започна истрага за опожарената фабрика во Виница

Фабриката „Винчини“ ќе ја обновиме и тоа пак во Виница, но потребно ни е време за тоа, велат од „Макпрогрес“

Обвинителство не може да почне со увид, пожарот во „Макпрогрес“ не е целосно изгаснат

Во Болницата во Кочани задржани се четворица пожарникари со полесни изгореници, осуммина се на Токсикологија во Скопје

18 повредени во пожарот во Макпрогрес-Винчини во Виница

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожарот во Макпрогрес ставен под контрола, неколку пожарникари повредени