Членовите на Советот на општина Виница на последната седница донесоа одлука за финансиски придонес од Општината за реализација на потпроектот „Подобрување на туристичкиот потенцијал преку подобра заштита и одржливо користење на културното наследство“.
– Станува збор за изградба на павиљјон на плоштадот „Ангел Винички“ со вкупна бруто површина од 158 метри квадратни и висина од 11,05 м. Павилјонот е предвиден да биде повеќенаменски, односно да служи како отворен павилјон за посетителите на плоштадот, но и како отворена летна бина за оджување различни манифестации во градот, изјави Емил Дончев, градоначалник на општина Виница.
За оваа инвестиција, која е проектирана на 8.200.000 денари, Општина Виница е подготвена да обезбеди 818.000 денари, а останатите средства да бидат обезбедени во вид на подгрант од Проектот за локална и регионална конкурентност.