Во Виница ќе нема рестрикции во водоснабдувањето

Од:

Поврзувањето на градскиот водовод во Виница со изворот Дончово кладенче, како и неколкуте други зафати за обезбедување дополнителни количини вода за пиење, ќе ги спречат рестрикциите во водоснабдувањето.

Градоначалникот на општина Виница, Ивица Димитров на прес-конференција потенцираше дека е можно само во одредени села да има повремени прекини, а најкарактеристичен бил примерот со Лески каде поради нерационалното трошење минатата година немало вода во текот на четири месеци.

– Во тек се неколку проекти за водоснабдувањето, а посебно за проширување на филтер станицата со што селото Лески ќе го поврземе со главната водоводна мрежа и ќе се избегнат досегашните проблеми. За оваа инвестиција обезбедивме 14 милиони денари од Министерството за транспорт и врски. Очекуваме дека ова лето ќе нема проблеми во обезбедување на потребните количини вода за јавната водоводна мрежа, истакна градоначалникот Димитров.

Освен во Виница и во рамничарските села, локалната самоуправа на Виница е ангажирана и за подобрување на водоснабдувањето во населените места во ридско-планинскиот дел каде до сега имало посериозни проблеми.

– Заедно со ЈКП „Солидарност“ правиме ново дупчење за бунар во селото Драгобраште, посебно во маалото Чукарлии, каде во текот на летниот период се јавуваше недостиг од вода. Сепак, апелирам до граѓаните, како превенција од прекините, да внимаваат со искористувањето на водата од градскиот водовод, посебно со наводнувањето на тревниците и бавчите во дворовите, додаде Димитров.

Во меѓувреме завршени се активностите за подобрување на водоснабдувањето во селото Грљани каде во неколку маала е поставена водоводна мрежа, а во моментот се работи на главната водоводна линија кон селото Јакимово во должина од околу 250 метри.

Би можело да ве интересира

Уапсен е 32-годишен маж осомничен за обид за убиство

Горан Наумовски

Избегната трагедија во Виница: Пред кафана со нож го избодел познаникот

Директорка на училиште во Виница си ја вработи ќерката без соодветно образование

А1он

Тешка сообраќајка во близина на Виница, шестмина се повредени

Жена од Виница била нападната од нејзиниот зет

Двајца мажи и малолетници истепале жена

Горан Наумовски