Во Виница именувани двајца нови в.д. директори на основни училишта

Од:

Градоначалникот на Виница, Ивица Димитров денеска именуваше нови в.д директори на две основни училишта во Виница.

На местото на досегашниот директор на основното училиште „Славчо Стојменски“, Јордан Стојанов, кој го водеше училиштето во изминатите осум години, од денес е именуван Горан Иванов, долгогодишен одделенски наставник во ова училиште.

Во основното училиште „Гоце Делчев“ на местото на досегашниот директор Македончо Ѓорѓиев доаѓа Маре Јованова, наставник по македонски јазик во училиштето. Таа работела и како директор во периодот од 2005 до 2009 година во основното училиште „Кочо Рацин“ во Блатец.

Деновиве, се очекува градоначалникот Димитров да ги именува првите луѓе и во останатите локални институции кои се под надлежност на општината.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара притвор за маж од Виница кој со камења на познаник му го скрши черепот и е во кома

Горан Наумовски

Обвинителството денес започна истрага за опожарената фабрика во Виница

Фабриката „Винчини“ ќе ја обновиме и тоа пак во Виница, но потребно ни е време за тоа, велат од „Макпрогрес“

Обвинителство не може да почне со увид, пожарот во „Макпрогрес“ не е целосно изгаснат

Во Болницата во Кочани задржани се четворица пожарникари со полесни изгореници, осуммина се на Токсикологија во Скопје

18 повредени во пожарот во Макпрогрес-Винчини во Виница

Катерина Ѓуровски