Во Вевчани гласачкиот процес тече без проблеми

Од:

Вкупно две илјади и 55 граѓани на Општина Вевчани денеска ќе го остварат своето право да гласаат на петтите локални избори во Република Македонија.

Според претседателот на Општинската изборна комисија во Вевчани Ивица Костојчиноски, изборниот процес тече без проблеми.

– Во Вевчани се гласа на три избирачки места кои беа отворени согласно законскиот рок, утрово во 7 часот. Досегашниот процес на гласање тече без проблеми, а излезноста на граѓаните до десет часот беше околу 15 проценти, информира Костојчиноски.

Вевчанци денеска ја избираат новата локална власт помеѓу  тројца кандидати за градоначалник и исто толку советнички листи.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада