Во велешко шестмина заболени од туларемија

Од:

Во поширокиот велешки регион има шестмина заболени од туларемија од кои четворица се од селото Каратманово, и по еден од селата Лозово и Коселери, информираат од ЈЗУ Центар за јавно здравје во Велес.

Директорката на Центарот, Флорентина Шурбевска Ристовска денеска на прес-конференција истакна дека состојбата е под контрола и нема место за паника.

– Преземени се сите мерки за заштита и спречување на ширење на заразната болест. Нашите анализи покажаа дека заболените лица, заразната болест ја добиле преку директен контакт со заболени глувци или со вдишување прашина со измет од глодари, рече Шурбевска Ристовска.

Таа воедно апелира до населението од овој и останатите региони да се посвети поголемо внимание на личната хигиена и хигиената во домовите и останатите простории. Препорача да се минимализира секоја можност каде што глувците може да имаа пристап до храна.

– Болеста кога ќе се открие на почеток се лекува брзо, но може да има и смртни исходи. Затоа апелирам граѓаните да внимаваат особено оние по селата кои ако имаат потреба да ја користат храната која ја чуваат во амбарите, треба добро да ја измијат и термички обработат, потенцира Шурбевска Ристовска.

Центарот за јавно здравје – Велес апелира до општината да им даде средства да извршат дератизација на канализационата мрежа во градот и на сите јавно прометни површини, а како превентивна заштита од болеста.

Би можело да ве интересира

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем