Во велешко Горно Оризари татко убил син па се самоубил

Од:

Во велешкото село Горно Оризари 50-годишниот Мујо Ц. го убил со пиштол својот 26-годишен син Сеад Ц., а потоа излегол во дворот од куќата и застрелал уште едно лице по што се самоубил.

Според информацијата од СВР Велес, инцидентот се случил денеска околу 12:30 часот, кога сторителот откако го извршил убиството излегол во дворот од неговата куќа, каде го сретнал неговиот сосед М.Л. (53) и се обидел и него да го убие испукувајќи два истрела од неговиот пиштол марка Токаров 7,62 мм. Тој при тоа го ранил и со една прострелна рана во левата рака М.Л е префрлен на лекување во велешката Градска болница и е вон животна опасност.

Откако го извршил убиството и обидот за убиство 50-годишниот Велешанец си испукал еден куршум во слепоочницата. Потоа тој бил префрлен во Градската болница во Велес каде починал.

Пиштолот со кој се извршени инкриминираните активности сторителот го поседувал со дозвола.

Увид на местото на настанот се врши од страна на јавен обвинител, истражен судија и екипи на СВР Велес.

Причините и мотивот за убиството, убиството во обид и самоубиството се очекува да бидат утврдени во текот на истрагата, велат од СВР Велес.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец