Во велешката болница во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале двајца пациенти

Од:

Во изминатите 24 часа во велешката болница како последица од Ковид-19 починаа двајца пациенти – жена на 70 години од Велес, примена пред две недели, и маж на 58 години од Оризари, примен пред два дена.

Како што информораше портпаролот д-р Весна Неделковска-Николова, во болницата се хоспитализирани 65 пациенти, од кои 56 потврдени позитивни, двајца сомнителни и седум со негативни тестови. На кислородна поддршка.се 15 пациенти.

На Инфективно се лекуваат 47 пациенти, на Физикална 11, а на Интерното одделение се седуммина пациенти. Д-р Неделковска-Николова информираше дека на Интерното – крак Б се лекуваат пациенти кои веќе се излекувале од Ковид, но имаат последици од болеста.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски