Во Велес свеченост по повод 24 мај – Денот на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј

Од:

Општина Велес синоќа во големата сала на општината ја организира традиционалната свеченост по повод Денот на сесловенските браќа св. Кирил и Методиј, која беше наменета за просветните работници во училиштата.

Од свечената говорница, празникот 24 мај на просветните работници им го честита Аце Коцевски, градоначалник на Општина Велес.

– Да се чекори по патот што го зацртаа светите браќа не е нималку лесна задача. Вашата професија бара дополнителна посветеност, дополнителна одлучност и одговорност. Зошто не е во прашање само една личност, не е само една човечка душа, туку генерации потомци што се калат во ваша закрила, со вашето знаење и умешност. Деликатноста и суштината на Вашата професија втемелена во вековните дела на светите браќа Кирил и Методиј и денес е најзначајниот, најесенцијалниот елемент на македонското општество. Не е нескромно ако се каже дека вие сте градители на иднината на Македонија и дека од вас зависи нашиот општествен и културен развој, нашата одржливост и нашиот придонес како нација.Свеста за значењето на образованието, поттикот на образовните реформи и вложувањето во развојот на образованието неслучајно се приоритети за Општина Велес, потенцира Коцевски.

На свеченоста беа доделени и традиционалните награди за најдобрите наставници во 2018 од одделенска настава на учителката Лорета Стојановска од ООУ „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, од предметна настава од основните училишта на Илчо Стојановски професор по ликовна култура од ООУ „Св Кирил и Методиј“ и од предметна настава од средните училишта на Филимена Костова професор по англиски јазик во велешката Гимназија “Кочо Рацин“.

На свеченоста првпат беа доделени и наградите за најталентирани ученици на Ребека Манева од ООУ „Васил Главинов“ и Моника Гиовска од ООУ „Блаже Конески“, а кај средношколците беа прогласени Никола Стојменов од УСО „Коле Неделковски“ и Михаил Трајков од УСО „Димитрија Чуповски“ од Велес.

Свеченоста беше збогатена со уметничка програма во која настапија професори од Општинското Музичко училиште „Стефан Гајдов“ од Велес.

Би можело да ве интересира

Судијка и сопственици на аптеки од Велес обвинети за фалсификување

Катерина Ѓуровски

Сообраќајка во Велес, еден сопатник е полесно повреден

Огништа од БРАКО за вечерните забави на Винтерфест во Велес

Изгаснат пожар на ридот во близина на Филтер станицата за вода во Велес

Катерина Ѓуровски

Мртов маж е пронајден во возило од градскиот превоз во Велес

Тројца велешани нападнале екипа на ЕВН

Горан Наумовски