А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Велес првото бебе во 2021- женско, родено во домашни услови

by А1он04/01/2021 - 12:0904/01/2021 - 12:14380
Share0

Во дом на улица „Максим Горки“ бр 80 во Велес, синоќа во 21:30 е родено првото бебе во Велес годинава од мајката Симона Панова (23). Мајката сама се породила дома и на свет донеле здраво и живо женско бебе тешко 2,980 кг и долго 51 сантиметар.

Следете a1on на Instagram Instagram

Била повикана Итна медицинска помош и д-р Марјан Мишев кои само констатирале дека бебето е веќе родено и по што бебето и мајката биле транспортирани со возило на Итна помош на Гениколошко –акушерското одделение при велешката Општа болница, изјави д-р Василка Панова Поп Стефанова началник на Итна помош при ЈЗУ Здравствен дом.

Како што информира д-р Елеонора Јованова портпарол на ЈЗУ Општа болница мајката и бебето од доцна синоќа се сместени на нивното Гениколошко – акушерско одделение и двете се во добра здравствена состојба.

Инаку на 23 годишната Симона Панова и нејзиниот сопруг Љупчо Митров ова им е прво бебе.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во велешката болница лани се родени 413 бебиња од кои последните две родени на Гениколошко- акушерското одделение се машко и женско бебе, родени на 30 декември. Инаку за цел месец декември биле родени 31 бебе.

Споредено со претходната 2019 година кога се родиле 473, лани има за 60 бебиња помалку.

Инаку д-р Василка Пановска Поп Стефанова информира дека и пред еден месец во домашни услови се породила жена во Градско, а на која тоа и било четвртто бебе. Таа со својата екипа од Брза помош од Велес, само извршила преглед на мајката и бебето и констатирале дека се во добра здравствена состојба.

natalitetveles

Би можело да ве интересира

Пожар кај Автобуската станица во Велес зафати шест возила, интервенираа пожарникарите

Горан Наумовски13/07/2026 - 17:36

Се намалува наталитетот, повеќе се раѓаат машки деца

Горан Наумовски11/06/2026 - 12:21

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 14:29

Двајца измамници измамиле велешанка за околу 5.000 евра и се обиделе да измамат уште 10 други повозрасни лица

Горан Наумовски31/03/2026 - 15:2431/03/2026 - 15:28

Во Македонија се раѓаат многу помалку деца од потребно за природна обнова на населението

Катерина Ѓуровски12/03/2026 - 11:38

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски24/02/2026 - 09:2324/02/2026 - 15:18
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео