Во Велес поплавени улици, деловни објекти и куќа во синоќешното невреме

Од:

Територијалната Потивпожарна Единица – Велес поради синоќешните обилни врнежи од дожд во Велес, синоќа интервенирала на поплавени два деловни објекта на улица „Благој Горев“ и на поплавена куќа на улица „Васил Атанасов“ бр. 22 во населба Превалец, информираат од Центарот за управување со кризи Велес.

Од таму појаснуваат дека тројца пожарникари на Територијална Противпожарна Единица Велес со едно противпожарно возило со пумпа ја извлекувале водата надвор од просториите на поплавената куќа во населбата Превалец во близина на Велес.

Воедно, тројца пожарникари интервенирале и во чистењето на затната шахта на главната улица „Благој Ѓорев“, што било причина за поплавата на двата деловни објекти.

Поради конфигурацијата на Велес, како и во секој поголем дожд и синоќа целосно беа поплавени главните градски улици со нерешена атмосферска мрежа, бидејќи водата од улиците од високите делови на градот се слеа надолу и целосно ги поплави и затрупа со песок и камчиња.

Како што информираат од Општина Велес, на лице место синоќа бил и градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев. По посетата во населбата, Превалец биле ангажирани пожарникари, екипи на ЈКП „Дервен“ и на помош била повикана механизација на градежни фирми во санирање на состојбата во населбата Превалец.

Невремето синоќа ја уништила и фекалната и атмосферска канализација на една улица во Превалец. Во невремето бил уништен е и асфалт во должина од 200 метри на улица во оваа Населба.

Би можело да ве интересира

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

Двајца измамници измамиле велешанка за околу 5.000 евра и се обиделе да измамат уште 10 други повозрасни лица

Горан Наумовски

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски