Во Велес одбележан Денот на АРМ

Од:

Со пригодна свеченост во Војничкиот клуб на велешкиот гарнизон на АРМ, Командата за обука и доктрини (КОД) денеска го одбележа 18 август, Денот на АРМ, и 22-иот роденден на Армијата.

На припадниците на АРМ празникот им го честита командантот на КОД, полковник Љупчо Костовски кој потсети дека Армијата успешно ја спроведува својата цел – да ја брани со љубов својата татковина, но истовремено и да ги следи модерните текови и со тоа да овозможи трансформација на Армијата.

– Следејќи го процесот на трансформација на АРМ, Командата за обуки и доктрини претрпи структурални промени со кои се прилагоди на дадените услови и денес претставува расадник на индивидуално оспособен персонал за новите предизвици, истакна Костовски.

Тој потсети дека сите овие години АРМ беше со својот народ, со локалната самоуправа, со здруженијата и организациите и несебично се вклучуваше во сите акции кога беше потребно и побарано. – Нераскинливото ткиво на таа поврзаност трае и денес и се огледа во довербата и почитта која АРМ ја има кај сите граѓани, додаде полковникот.

Најдобрите припадници на АРМ добија унапредувања, пофалници и наградни отсуства. Потоа, сите присутни, гостите и заинтересираните граѓани, во кругот на велешката касарна имаа можност да ги разгледаат и да се запознат со точките на Тактичко-техничкиот збор на кои беа изложени дел од вооружувањето и опремата на некои од единиците на АРМ.

Припадниците на КОД на АРМ од велешкиот гарнизон утрово со положување цвеќе на Спомен костурницата од НОВ им оддаде почит на сите загинати борци за слободна Македонија.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он