Во Велес ќе се засадат околу 30 илјади садници

Од:

Во акцијата „Ден на дрвото 2016“ во околината на Велес на површина од 10 хектари ќе се засадат од 25 до 30 илјади садница од млади дрвца. Акцијата ќе се изведе на локацијата Дерин дере во непосредна близина на Градската депонија на Велес, а и годинава ја организира Подружницата на Македонски шуми ШС „Бабуна“ Велес во соработка со општина Велес.

Во акцијата „Ден на дрвото 2016“ ќе учествуваат ученици, вработените во јавните претпријатија од градот, припадниците на АРМ од велешкиот гарнизон, пензионери и членови невладини и еколошки организации, како и сите заинтересирани граѓани кои сакаат самоиницијативно да се вклучат во акцијата за пошумување.

Организаторите обезбедија и бесплатен автобуски превоз до локацијата за пошумување. Автобусите ќе поаѓаат во 9 часот кај ОССУ „Коле Неделковски“, како и на постројката за автобус пред Основниот суд и кај ЕВН ЕСМ Велес. На овие две места автобус ќе има и во 11 часот.

Акцијата „Ден на дрвото – Засадија својата иднина“ во Велес се спроведува од 2008 година од кога секоја година континуирано на повеќе локации во околината на Велес и езерото „Младост“ се засадени повеќе илјади садници млади дрвца.

Би можело да ве интересира

Во акцијата „Ден на дрвото“ повеќепати биле пошумувани исти површини

Ана Ололовска

Во Штип реализирана акцијата „Садница плус“

Наум Локоски

Десет години „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“

Наум Локоски

Француската амбасада се приклучи кон акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“

Ана Ололовска

Дипломатскиот кор дел од акцијата „Ден на дрвото“

Ана Ололовска

Денот на дрвото ќе се одработува наредната година

Емир Латифовиќ