Во Штип реализирана акцијата „Садница плус“

Од:

Штипските основни училишта и детски градинки денеска ја реализираа десеттата акција „Садница плус“, која е во рамките на акцијата „Ден на дрвото“. Централната манифестација се одржа во Општинското основно училиште „Ванчо Прќе“, каде што учениците и децата од градинките задасија семки од Ела. Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев кој присуствуваше на манифестацијата истакна дека најмалите ја испраќаат порака да имаме повеќе зеленило, но истото да се негува и чува од страна на повозрасните граѓани.

– Кај учениците и децата денеска ќе развиеме една култура дека секое посадено семе, значи изникнато дрво. После 20 години тоа дрво ќе дава кислород, ќе биде место каде ќе се гнездат птиците, ќе го прочистува воздухот, ќе го промени амбиентот во кој живееме. Порака е јасна што повеќе зеленило, што повеќе паркови, вели Захариев.

Учениците и децата од детските градинки во текот на нареднбиот период ќе се грижат за р’тење на семките од ела, а откако ќе пораснат ќе бидат засадени во некој од парковите во Штип.

Би можело да ве интересира

Гори борова шума над филтер-станицата кај Штип

А1он

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски