Во Велес хуманитарен концерт Меѓународниот ден за лицата со инвалидност

Од:

Во организација на ПОУ „Маца Овчарова“ и со подршка на Општина Велес синоќа на сцената на новата театарска зграда во Велес се одржа традиционален хуманитарен концерт за помош на децата со инвалидност од ова посебно основно училиште.

Како што информира Снежа Стојановска директор на ова училиште, со подршка од неколку фирми донатори, а на кои тие им искажаа јавна благодарности за хуманоста им врачија благодарници. Со собраните средства, рече, набавиле специјален електромоторен транспортер-лифткар.

Како што појасни Стојановска оваа справа ќе биде привремено решение за надминување на архитектонската бариера за учениците со церебрална парализа и мултихендикеп од ова училиште.

Таа воедно потсети дека ова посебно училиште е сместено на трети спрат во заедничка зграда со уште две основни училишта во Велес и неопходно им е поставување на лифт.

На концертот со песни, игри и танц настапија ученици кои учат во ПОУ „Маца Овчарова“ како и нивни врсници од ООУ „Јордан Х.К.-Џинот“ од ОМУ „Стефан Гајдов“ од градинката КДУ „Димче Мирчев“ од Балетското студио „АНАБЕЛА“, Ансамблот „Керамичар“ и како гости Танцовата група за лица со посебни потреби од Скопје „Dancers United“.

Би можело да ве интересира

Изгоре автомобил на паркинг во Велес

Mртов 42-годишен маж е пронајден во помошни простории

Горан Наумовски

Велешките пожарникари извлекле мајка и дете од автомобил на поплавена улица

Во стан во Велес пронајден мртов маж

Дете со здравствени проблеми e истепано во Дневниот центар во Кавадарци

Мајка и ќерка се тешко повредени во сообраќајка на пругата кај Стар Мост во Велес

Горан Наумовски