Во Велес две лица со закана со оружје извршиле разбојништво

Од:

Две непознати лица на улицата „Алексо Демниевски“ во близина на Спортската сала „Гемиџии“ во Велес со закана со оружје извршиле разбојништво над вработени во „Перпетум Мобиле“ кои со патнички автомобил вршеле достава на парични средства, информираа денеска од СВР Велес.

Според портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска, сторителите ги земале кутиите во кои биле паричните средства ги ставиле во нивниот патнички автомобил и се упатиле кон крстосницата кон Башино Село.

– Полициските служеници веднаш излегоа на лице место, пронајдено е возилото со одземените кутии, а по кратко време лишени се од слобода две лица за кои постојат основи на сомнение дека се можните сторители, истакна Стојковска.

Додаде дека полицијата презема мерки за целосно расветлување на случајот.

Би можело да ве интересира

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра

Кражба на кабел за фотоволтаици, направена е штета од 15.000 евра

А1он

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма

Скопјанец украл 10 илјди евра од менувачница