Во Велес чествување на Св Великомаченик Пантелејмон

Од:

Во соборниот храм Св Великомаченик Пантелејмон во Велес синоќа со празнична праграма во организација на Епархијата Повардарска и Општина Велес, почна чествувањето на овој светец кој е заштитник на градот Велес.

Програмата почна со вечерна богослужба на која чиноначалствуваше митрополитот Повардарски Агатангел со свештеници и ѓакони од Епархијата Повардарска, со ода и поклонување пред иконата на светителот од страна на голем број граѓани, православни христијани, по што се обрати митрополитот Повардарски Агатангел кој говореше за значењето на овој светител и за улогата на МПЦ.

Обраќање имаше и претставникот на Општина Велес Петре Саздов.

Во уметничката програма настапи Младинскиот црковен хор „Св.Кирил и Методиј“, а потоа и солистката Ана Михајлова. Се одржа и музички перформанс на квартет велешки музичари: вокал Валентин Миланов,гитара Петар Марков,перкусии Трајче Ристов и кавал Филип Арилон.

Програмата беше заокружена со драмскиот перформанс „Приказни за изворот“ на Драмското Студио „Словото“под раководство на Весна Димитрова Бобевска.

Чествувањето продолжува утрово во соборниот храм „Св Пантелејмон“ во Велес, а по пречекот на архиереите, најавена е Архиерејска Божествена Литургија на која ќе чиноначалствува неговото Блажество г.г. Стефан во сослужение со митрополитот Повардарски Агатангел.

Би можело да ве интересира

Митрололитот Георгиј устоличен на тронот на Дебарско-кичевската епархија

Насилник од Велес им избега на шест полицајци, иако еден од нив пукал во воздух за да го исплаши

Игуменот Георгиј е нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Горан Наумовски

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?

Струмичка православна епархија: Измамничка шема на профилот на Библиска Македонија

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ