Во Велес 37 отсто излезност до 13 часот

Од:

Во општина Велес од регистрирани 46.394 гласачи на 84 избирачки места, до 13 часот гласале 37 отсто од избирачите.

Претседателот на ОИК Лили Велковска информира дека според нејзиниот увид во избирачките места и увидот на нивни мобилни екипи кои постојано се на терен, изборите засега се одвиваат без проблеми.

– Таму каде што се јавиле некои нерегуларности, ние веднаш ги проверуваме и реагираме, а приговорите ги проследуваме понатаму до ДИК, појасни Велковска.

Таа информира дека избирачките места во општина Велес ги посетиле и набљудувачи од ОБСЕ, а набљудувачите на МОСТ се распоредени во текот на целиот ден на сите избирачки места во општината.

За гласање вчера во општина Велес биле пријавени 216 болни и изнемоштени лица и 39 затвореници, од кои дел биле препратени за гласање во други општини.

Би можело да ве интересира

Хан во Скопје на средби со политичките лидери

Ана Ололовска

Рама: Не е важно кој ќе формира влада, туку албанската платформа

Ана Ололовска

Средба на ДИК и МОСТ по повод Денот на изборите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Иванов: Ќе го дадам мандатот на тој што ќе обезбеди мнозинство од 61 пратеник

А1он

Ванхауте: Втора рунда во Македонија – Груевски не направи здрав компромис со Албанците

Наум Локоски

Ивановски: Иванов уште денеска треба да му го предаде мандатот на СДСМ

А1он