Во Вашингтон средби на Мицкоски со соработници на Трамп и бизнисмени

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски на неговиот фејсбук профил објави дека во Вашингтон остварил средби со Ендру Пејкоф, американски бизнисмен со македонско потекло, основач и претседател на Нијагара Ботлинг, со Џеси Спиро, главен директор во Тетер и одговорен за стратешките односи со владите во светот, како и со Дан Бонгино, еден од најблиските соработници на претседателот на САД Трамп и најпознат политички десничарски коментатор.

– Исклучително срдечен разговор со Ендру Пејкоф, американски бизнисмен со македонско потекло, основач и Претседател на Нијагара Ботлинг, компанија која има годишен приход од околу 4 милијарди американски долари и околу 5000 вработени. Компанијата е основана во 1963 година и денес е најголема компанија на американскиот пазар од оваа област. Инвестициите на Нијагара Ботлинг во Македонија се добредојдени. Македонската дијаспора е клучен елемент во системот, нашиот глас и аргументи да бидат појасни и посилни во Светот. Обновуваме но и создаваме нови можности и партнерства со секој што може да помогне Македонија да биде повторно горда и ваша!, напиша Мицкоски на фејсбук.

На свеченоста „Гласови на слободата“ организирана од компаниите „Трамп Медиа” и Рамбл, која се одржала по инаугурацијата, Мицкоски остварил средба со Бонгино, еден од најблиските соработници на Трамп и најпознат политички десничарски коментатор.

– Разговор во кој зборувавме за Македонија, нашите предизвици но и можности. Нашите аргументи и позиции се јасни и нашето стратешко партнерство со САД и администрацијата на претседателот Трамп се силни. Се бориме дома за повисоки плати, пензии, нова инфраструктура, подобро здравство, поконкурентно образование, брзорастечка економија итн…, но се бориме и во Брисел, Берлин, Париз, Лондон, Вашингтон итн…, нашиот глас е се посилен!, напиша премиерот Мицкоски.

Како што објави Мицкоски, тој се сретнал и со Џеси Спиро, главен директор во Тетер и одговорен за стратешките односи со владите во Светот.

– Тетер е најголемата компанија во Светот која менаџира дигитален капитал, крипто валути. Профитот на компанијата во 2023 година е 6,2 милијарди американски долари, а само во првата половина од 2024 година профитот на компанијата е 5,2 милијарди американски долари. Разговаравме за крипто пазарот, иднината на крипто валутите и блокчејн технологијата. Секоја инвестиција во Македонија на Тетер и споделено искуство од најголемите во својата област е добредојдено. Мора да чекориме со големи чекори напред. Предизвиците на иднината не смееме да ги игнорираме и да останеме заобиколени туку треба да бидеме дел од нив, за да Македонија биде повторно горда и ваша!, објави премиерот Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Средствата позајмени од МНАВ, МЕПСО и Лотарија ќе се користат за отплата на кредит

Предраг Петровиќ

До крајот на неделата технички исправна вода во Гостивар, за пиење се очекува кон крајот на идната

Владата ќе ги обештети граѓаните кои претрпеа штета од невремето во Скопје

Можно е ново намалување на ДДВ за горивата

Катерина Ѓуровски

Од градоначалникот па надолу сите во Гостивар треба да понесат морална одговорност за кризата со водата, смета Мицкоски

За премиерот пресудата за „Талир„ е задоволување на правдата, опозицијата жестоко реагира

Катерина Ѓуровски