Во Валона запален луксузен автомобил на македонски државјанин

Од:

Во раните утрински часови на паркинг пред хотел кај албанскиот приморски град Валона запален е луксузен автомобил, сопственост на македонски државјанин.

– Автомобилот „ауди“ е во сопственост на Албанец од Кичево, кој живеел и работел во Германија. Тој пред четири дена пристигнал на одмор во Валона, наведуваат албанските медуми.

Полицијата информираше дека автомобилот „Ауди Р8“, произведен 2019 година, бил запален во 5:18 часот.

– Според првичните сознанија од увидот, автомобилот бил намерно запален откако бил полиен со бензин, од се уште непознати мотиви. Истрагата е во тек, стои во полициското соопштение.

Кичевецот за албанските медиуми изјави дека немал недоразбирања со никого и оти во Валона прстигнал на годишен одмор.

-Јас сум од Македонија, од Кичево, живеам во Германија, дојдовме заради одмор и еве што ни се случи. Автомобилот целосно е изгорен. Не се сомневам во никого, немам недоразбирања со никого. Полицијата истражува, бебедносните камери го имаат снимено настанот, изјави оштетениот, видно вознемирен.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари