Во Уставот ќе влезат 3.500 Бугари, но не и 6017 Торбеши: Реакција на етничката заедница која има и тројца пратеници

Од:

Работната група за предлагање уставни амандмани, предложи и изгласа документ за менување на Уставот со кој ќе се вметнат шест народи, но меѓу нив нема да бидат Торбешите како посебна етничка заедница или народ.

Во нивната реакција до медиумите, Торбешите велат дека Уставот треба да биде направен за да ги заштитува правата на сите граѓани без разлика на нивната раса, вероисповест, пол или етничко потекло.

„Со големо внимание ја следиме дебатата околу предлогот за невнесување на Торбешите во Уставот на Северна Македонија и би сакале да ја изразиме нашата реакција. Уставот треба да биде направен да ги заштитува правата на сите граѓани без разлика на нивната раса, вероисповест, пол или етничко потекло. Воинствувањето на принципите на рамноправност и инклузивност е од суштинско значење во изградбата на едно демократско и разнолико општество. Торбешите, како и секоја друга етничка група во С.Македонија, имаат право на задржување и негување на својата култура фолклор и традиција.

Овие права треба да бидат заштитени и поддржани, сочитајќи ги со законите и мегународните конвенции. Стремежот кон инклузија и усогласување на различностите треба да биде постојан приоритет за нашето друштво.Да се земе во предвид и последниот Попис на кој како Торбеши беа изјаснети 6017. Исто така и трите Парламентарни Пратеници кои беа изјаснати, како Торбеши и без дел од пратениците во Собранието на РСМ“, соопштија од Здружението Обединети Торбеши.

Работната група која ја предводи Маргарита Цаца Николовска предложи во Уставот да се внесат Бугарите, Хрватите, Црногорците, како и словенечкиот народ, еврејскиот и египќанскиот народ. За овој предлог гласале сите членови на групата чиј мандат прекинува со изработка на предлогот за пристапување кон измена на Уставот.

Предлогот ќе треба да го одобри владата а потоа истиот ќе биде испратен до собранието каде ќе треба да се изработат амндманите кои ќе се најдат пред пратениците.

Претседателот Стево Пендаровски ја поздрави работата на Комисијата составена од експерти во Министерството за правда која, според него, во прилично кус временски рок изработи предлог иницијатива за уставни промени кои ги проследи до Владата.

– Имаше различни влијанија врз нејзиното работење и кога имате 25 члена во една комисија која дебатираше за вакво емотивно прашање. Работата на Комисијата беше да предложи текст на амандмани кој нема да отстапи од она што беше договорено во Собранието минатата година.

Ги знам предлог амандманите, го знам текстот на тие амандмани кои утре Владата ќе ги предложи до Собранието , јас имам свој претставник таму, професорот Александар Спасов. И мислам дека од прва до последна алинеја останавме во целост на она што Собранието побара од нас – посочи Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Македонците од Албанија за пописот: Од кога сме родени знаеме што сме, Бугари ниту имало ниту ќе има

А1он

„Фашисти, евтини бугарски проститутки“: Навредите кон македонските Бугари влегоа во извештајот на Европската комисија

Орце Костов

Во пресрет на пописот во Албанија: Јотова ќе се сретне со Бугари во Голо Брдо кое е населено само од Македонци

Орце Костов

Мицкоски по координацијата: Да не се одолговлекува седницата за Уставни измени

Не е прекршен Деловникот – 10 дена е рок за расправата, не за гласање, велат од СДСМ

Александар Тодески

Илхан Ќучук: Нема да има подобра понуда за Македонија, нема желба во ЕУ да се промени нешто

Орце Костов