Во три сообраќајќи во Тетовско повредени четворица

Од:

Три сообраќајки во кои четири лица се повредени и била причинета поголема материјална штета се случиле во Тетовско во текот на вчерашниот ден, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Првата сообраќајка се случила вчера, околу пладне, на улицата „Мурат Бафтијари“ во Тетово. Патничко возило „Мерцедес“ со тетовски таблици управувано од тетовката Л.З(29) налетало и удрило во 15-годишната Х.Ш, исто така, од Тетово. Од ударот девојката задобила повреди при што била пренесена и задржана во Тетовската клиничка болница.

Нешто подоцна околу 16 часот и 40 минути на регионалниот пат Тетово-Попова Шапка, во близина на селото Гајре, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила „Форд С макс“ со германски регистарки таблици, управуван од Б.Ј.(41) од Стримница и „Фолсфаген венто“ со тетовски таблици, што го управувал Х.Х. ( 29 ) од Шипковица. Во несреќата телесни повреди задобиле возачот и сопатничката во „Фолсфагенот“, Б.Х.(29), исто така, од Шипковица, кои веднаш се пренесени и задржани во Тетовската клиничка болница.

– По овластување на јавен обвинител извршен е увид и се утврдуваат причините и се друго поврзано со несреќата. Првично, причина е неприлагодена брзина додека вкупната материјална штета се проценува на 100 илјади денари, рече Јосифовски.

Последната сообраќајка се случила вчеравечер, околу 21 часот на регионалниот пат Јажинце-Тетово во село Непроштено, во која учесници биле патничко возило „Сеат ибица“ со тетовски таблици, управувано од М.В.(31) од Порој и запрежно возило на кое се наоѓал неговиот соселанец Х.М.(82).

Повозрасниот жител на Порој задобил повреди на левата подколеница и набрзо бил пренесен и задржан за лекување во Тетовската клиничка болница. Според Јосифовски, по извршениот увид се работи на утврдување на причините и другите поединости додека вкупната материјална штета се проценува на околу 40 илјади денари.

Би можело да ве интересира

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Еден загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кичево – Македонски Брод

Горан Наумовски

Аца Лукас имаше сообраќајка, денешниот концерт во Битола е одложен

Горан Наумовски

„Корса“ излета од булевар, тројца повредени завршија во болница

(ВИДЕО) Трагедија на автопат: Пет тинејџери загинаа во автомобил кој се движеше во спротивна насока

Горан Наумовски

Поради несреќа, запрен е сообраќајот на магистралниот пат Струмица- Граничен премин Ново Село