Во три кумановски села загадена вода за пиење

Од:

Во кумановските села Довезенце, Јачинце и Клечовце по поплавите се уште е забранета вода за пиење од селскиот водовод и бунарите, а ќе може да се користи откако ќе се дезинфицираат водоснабдувачките капацитети.

Центарот за јавно здравје соопшти дека по земените примероци од селскиот водовод првичните резултатите не се добри, бидејќи не одговараат на микробиолошките параметри.

-Дадено е известување преку Центар за управување со кризи дека водата не треба да се пие се додека не се изврши дезинфекција. На индивидуалните бунари поделени се таблети со хлор.

– Откако ќе се направи дезинфекција на локалниот водовод ќе се земат примероци за анализа. Има присуство на бактерии кои што по правилникот не се дозволени, и покачена содржина на нитрати, што не е опасно по живот, но може да предизвика акутно заболување – изјави раководител на одделение за хигиена во Центар за јавно здравје, Мимоза Величковски за „Куманово њус“.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Водовод го избриша известувањето дека нема да има вода во Скопје-било лага на неовластени лица

А1он

Подгответе се навреме: Утре речиси цело Скопје без вода или со слаб притисок

А1он

Дел од булевар „АСНОМ“ утре без вода

А1он

Рестрикции на вода во Тетово

Забранета водата за пиење во Струга

Поради два литра вода починала 35-годишна жена-кобно е времето за кое ја испила