Во три гостиварски училишта ќе може да се примени „Концепцијата за интеркултурно образование“

Од:

Нансен дијалог центар Скопје, го објави списокот на потенцијалните модел-училишта во кои ќе се спроведе спроведе Концепцијата за интеркултурно образование.

Јавниот повик беше објавен од страна на Нансен дијалог центар Скопје во соработка со Министерството за образование и наука со цел избор на нови 3 модел – училишта. Во понатамошната фаза на селекција ќе се разгледаат вкупно три основни и три средни училишта на ниво на државата, од кои едно основно и две средни училишта од општина Гостивар.

„Основното училиште Единство ќе има можност да биде вклучено во програмите на Нансен тренинг центарот и во реализацијата на проектни активности со примена на моделот Нансен. Додека cредното техничко училиште и гимназијата, во следната фаза ќе бидат посетени од страна на Нансен центарот со цел да се проверат информациите и акцискиот план кои се дел од апликацијата, и врз база на кои ќе се донесе конечната одлука за избор на модел училишта“, вели раководителката на Секторот за образование, Аслиан Снопче.

Општина Гостивар целосно го поддржува интеркултурното образование и ќе стори сé што е во рамките на нејзините можности за што поуспешно спроведување на овој проект во јавните основни и средни училишта во општина Гостивар.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсени се двајца полицајци за грабежот на златарница во Гостивар, се трага и по други лица

Цариници открија дрога во стан на студентка од Турција во Гостивар

Горан Наумовски

МВР: Украдени 18 килограми злато вредни 1,8 милиони евра од златарница во Гостивар

А1он

Mаскирани разбојници со автоматско оружје ограбија златара во Гостивар

А1он

Висар Адеми-независен кандидат во изборната трка за Гостивар

Предраг Петровиќ

Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија