Во тетовско Порој откриени 815 стебла „канабис сатива“

Од:

Во месноста „Ѓусијал“ во атарот на тетовското село Порој биле откриени 815 стебла „канабис сатива“ по што биле искорнати од страна на полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово.

– Пронајдените стебла се со различна големина од 50 сантиметри до три и пол метри и по наредба на судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово се фотодокументирани, подигнати и транспортирани за вештачење. Секторот за внатрешни работи Тетово, во координација со јавен обвинител, презема активности за расветлување на сите поединости околу пронајденото, кога, кој и како ги посадил на таа површина, дали се одгледувани или самоникнати, изјави портпаролот на  СВР Тетово Марјан Јосифовски.

На почетокот на оваа недела во тетовското село Фалише од страна на полицијата беа пронајдени и искорнати 160 стебла „канабис сатива“, исто така, со различна големина.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема одговор кој дозволи преку македонската граница да помине огромна количина на дрога и да заврши во Србија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Притвор за српските шверцери на марихуана набавена во Македонија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) МВР: Уапсени се три лица, спречен е транспорт на 150 кг. марихуана

Горан Наумовски

Откриени 5 килограми марихуана во автомобил на кумановец

А1он

Татко и син осомничени за илегална трговија со марихуана во гевгелиско

Трамп потпиша указ за ублажување на федералните регулативи за медицинска марихуана