Во тетовско Непроштено споменик во чест на 12-те киднапирани од 2001

Од:

Семејствата на 12-те киднапирани во 2001 година во тетовското село Непроштено денеска открија споменик во нивно сеќавање.

Пред споменикот во Непроштено денеска се поклонија претставници од семејставата на киднапираните, политички партиии и преставници од Министерството за внатрешни работи.

Пратеникот Антонио Милошоски, кој се обрати на церемонијата, рече дека желбата за живот, опстанок и достоинство ќе ги победи оние кои што направија злостор.

– Сметам дека правдата еден ден заслужено ќе ги стигне. Дојдовме тука да оддадеме почит на луѓето кои без своја вина беа жртви на 2001 година. Ова спомен обележје е плод на вашата макотрпна работа, изјави Милошоски.
Овој спомен парк е направен во чест на четворицата киднапирани од село Непроштено. Уште се бара соодветна локација за подигање споменик на жртвите и во градот Тетово.

Од здружението на киднапираните велат дека од 2006 година се прават напори, но се уште нема никакви резултати во расветлувањето на овој случај.

– Немаме гроб за нашите 12 киднапирани, затоа ќе можеме да дојдеме овде, ако ништо друго да запалиме свеќа, иако сметам дека свеќата треба да ја запалиме на нивните гробови, а не овде. Сепак ќе се потсетуваме на нашите најмили секој пат кога ќе дојдеме овде, затоа што никогаш не ги најдовме нивните тела, вели Бранислав Јакимовски од здружението на киднапирани „Надеж“.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он