Во тетовско лани регистрирани се 167 помалку сообраќајни несреќи

Од:

По патитштата низ тетовскиот регион минатата година се регистрирани вкупно 617 сообраќајни несреќи што е за 167 помалку во споредба со претходната 2019 година. Значително помал е и бројот на „сообраќајки“ со тешко повредени, а нив ги имало 34. Во несреќите имало и 265 лица кои поминале со телесни поведи, а загинатите осум е ист како лани. Во повеќе од половина од несреќите (310) завршиле само со причинета материјална штета.

– Според анализата на СВР Тетово, на тетовското подрачјето што покрива, најголемиот број од ланските несреќи (439) се случиле во населено место и 178 несреќи се евидентирани на отворен пат. Како најчести причини за несреќите особено кај оние со посериозни последици утврдно е дека се: неприлагодена брзина според условите на патот (175 несреќи), неправилно вршење на дејствие (126) и недавање предност (18), информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Изминатата година регистрирани се 37 излетувања на возила од коловоз. Имало и 56 несреќи предизвикани од животни, претежно од бездомни кучиња, најмногу на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје.

Од СВР Тетово посочуваат дека кога станува збор за минатогодишната безбедност во сообраќајот на тетовското подрачје, најкритичен ден бил петок со 110 несреќи, а најризичен период во денот бил од 16 до 18 часот.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он