Во Тетово продолжуваат полициските контроли врз мотоциклистите

Од:

Возачи без соодветна дозвола за управување со мотор, без заштитна кацига, и возачи со нерегистрирани мотори, се најчестите прекршоци на возачите на мотори по тетовските улици.

Во контролата на полицијата на тетовско-гостиварското подрачје вкупно откриени се 40 моторцикли со истечена регистрација до 30 и над 30 дена и 14 со непродолжена oсигурителна полиса, прекршок за кој законски предвидената глоба се движи од 100 до 500 евра во денарска противвредност.

Во април, исто така, откриени се и 76 мотоциклисти кои управувале без положен возачки испит и валидна дозвола, како и 91 кој не користел заштитен шлем, односно кацига.

Најголемиот број од овие прекршители, поточно 78 повикани се на сообраќајна поука, а двајца се писмено предупредени. Засилените контролни активности со кои ќе бидат опфатени мотоциклисти, со несмалено темпо и динамика ќе продолжат и во текот на овој и наредните два-три летни месеци. Затоа што, особено во летниот период на патиштата и улиците во Тетово и Гостивар се очекува далеку поголема ферекфренција, најмногу по доаѓањето на времено вработените од странство, кои дел од нивниот годишен одмор традиционално го минуваат во родните места, соопштуваат од СВР Тетово.

Инаку, во рамки на едукацијата на младите, СВР Тетово, оваа недела го заврши и првиот дел, односно фаза од двата превентивно-едукативни проекти „Безбедно управување со мопед“ и „Не седнувај зад волан без положен возачки испит“, чиј носител е Отсекот за превенција на Секторот за внатрешни работи Тетово, во соработка со тетовската и гостиварската локална самоуправа.

Во оваа фаза од проектот се одржаа посебни предавања со кои биле опфатени 119 паралелки кои следат настава на македонски, албански и турски јазик со вкупно 2.556 ученици од 13 средни училишта од Полошкиот регион.

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски