Во Тетово пријавени случаи на фалсификувани дански круни

Од:

Два случаи на користење на фалсификувани банкноти од илјада дански круни биле пријавени во полицијата во изминативе денови, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Првиот ваков случај бил пријавен во понеделникот од страна на тетовецот М.С.(63). Според пријавата непознато лице од него побарало да купи шест штеки цигари и му платил со банкнота од 1.000 дански круни а М.С. му вратил 4.640 денари. Тој набрзо утврдил дека банкнотата е фалсификувана додека непознатиот веќе заминал.

– Полицијата работи на идентификација на лицето кое платило со ваквата банкнота и по целосното расветлување на случајот тоа ќе се соочи со соодветен поднесок, рече Јосифовски.

Вториот случај бил пријавен вчера од страна на Б.Р.(27) од тетовското село Лешок. Според неговата пријава во вторникот околу 20 часот на бензинската пумпа на регионалниот пат Тетово – Јажинце каде работел дошло непознато лице кое купило глицерин, масло за возилото и антифриз а вкупната сума од 1.070 денари ја платило со банкнота од 1.000 дански круни по што му биле вратени 7.130 денари. Непознатото лице со возилото заминало додека Б.Р. утврдил дека банкнотата е фалсификувана. И тука се работи на случајот.

Поради повторување на ваквите случаи со фалсификувани банкноти на дански круни во тетовско од СВР Тетово апелираа до граѓаните и особено трговците во продавници, бензински пумпи или на отворените пазари да внимаваат кога купувачите на нивните производи или корисниците на услуги што ги нудат им плаќаат со странски валути, а ако веќе примиле вакви банкноти и знаат дека се фалсификувани тие повторно да не ги пуштаат во оптек.

Пуштањето во оптек на фалсификувани пари претставува кривично дело за кое е предвидена затворска казна од една до три, односно десет години.

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он