Во тепачка меѓу малолетници, момче со убодна рана заврши во болница

Од:

Полицијата извести дека вчера околу 19.15 часот во СВР Скопје, од градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со убодни рани бил донесен 16-годишник од Скопје.

Според пријавеното, на подрачје на Полициската станица Бит Пазар, при физичка пресметка, тој бил нападнат со остар предмет од друг малолетник од Скопје. Во врска со настанот, во 21.05 часот, 17-годишник од Скопје пријавил дека на истото место и тој бил нападнат со остар предмет од истиот малолетник.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Тепачка меѓу малолетници во Скопје заврши со пукање

(ВИДЕО) Жестока тепачка во клиника во Приштина: Скандалозна снимка, хирурзите се скараа, па се испотепаа

26-годишен маж е претепан од неговата поранешна сопруга

Тепачка меѓу владејачкото мнозинство и опозицијата во турскиот Парламент

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пратениците се степаа за време на церемонијата на положување заклетва во турскиот парламент

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка