Во тек технички подготовки Филипче од својот дом да одржи прес-конференција или да има видеообраќање

Од:

Министерството за здравство соопшти дека Извештајот на Институтот за јавно здравје во врска со новодијагностицираните случаи со коронавирус во државава сè уште се подготвува и штом биде готов ќе биде доставен до медиумите.

Во моментов, посочуваат од Министерството, се работи на прилагодување на досегашниот формат на прес-конференциите од Владата преку зум-платформата од домот на министерот за здравство, Венко Филипче, кој од денеска е во самоизолација, со цел веќе од утре да продолжи комуникацијата со медиумите и јавноста како и досега.

Доколку во текот на следните часови се прилагоди системот, министерот Филипче ќе одржи стандардна прес-конференција од својот дом. Доколку не се реализира техничка можност, тој за состојбата во врска со коронавирусот во земјата ќе информира преку видеообраќање од својот дом, кое ќе го доставиме до сите медиуми и ќе го поставиме на официјалната ФБ-страница на министерот, информираат од Министерството и додаваат дека новинарите може да испратат прашања на адресата не е-пошта на одделението за односи со јавност при Министерството, кои ќе бидат одговорени во најкус можен рок.

Би можело да ве интересира

Филипче: СДСМ ќе одржи Конгрес на 7 јуни

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

(ВИДЕО) Филипче: Задоцнета e мерката на Мицкоски – нема намалување на цените на горивата

А1он

Филипче: Нема да дозволам цепкање на партијата

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски