Во тек се уписи за студирање на Универзитетот за информатички науки „Св. Апостол Павле“ – Охрид

Од:

На Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ Охрид, во тек е првиот рок за упис на студенти во новата академска година.

Првиот уписен рок завршува петок во 15 часот. Вториот уписен рок е 4 и 5 септември, а третиот 14 септември од 8 до 15 часот.

Оваа година бруцошите покажале најголем интерес за студирање на факултетите за Компјутерски науки и инженерство и Информатички системи, визуелизација, мултимедијална и анимациска техника.

На Универзитетот „Св. Апостол Павле“ има сеуште слободни места на петте факултети, распоредени во 10 различни студиски програми, меѓу кои програмите за Компјутерски мрежи и безбедност; Машинска интелигенција и роботика; Дигитална бизнис информатика и Е-Влада, Е-Бизнис, Е-Култура.

Повеќе информации во врска со уписите можете да најдете на веб страната на Универзитетот http://www.uist.edu.mk или преку комуникација со посредство на е-пошта на адреса [email protected] или телефон на 046 511 000.

Би можело да ве интересира

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност