Во тек се двете трансплантации на бубрези кај пациенти на 23 и на 30 години

Од:

Министерството за здравство информира дека во моментов на Клиниката за урологија во тек се двете трансплантации на бубрег од починат донор. Двајца пациенти на возраст од 30 и 23 години кои подолго време се на дијализа ќе добијат бубрег од 44 годишната пациентка која вчера беше дијагностицирана со мозочна смрт. Рано утрово заврши трансплантацијата на срце кај пациент кој подолго време боледува од срцева слабост. Пациентот е во стабилна состојба и закрепнува по операцијата.

Благодарност до тимовите за експлантација и трансплантација од Клиниката за Урологија предводени од д-р Сашо Дохчев и д-р Сотир Ставридис, кои изминативе 20 часа ги работеа интервенциите во операционите сали. Благодарност до медицинскиот персонал од Клиниката за нефрологија и Клиниката за трансфузиологија кои ги подготвија младите пациенти кои ги примија органите.

Во исчекување сме на следната трансплантација на коски, по експлантацијата која во раните утрински часови ја заврши тимот за трансплантација од Клиниката за ортопедија.

Трансплантацијата на органи е тимска работа и во неа учествуваат пореку десет клиники и околу стотина лекари, медицински сестри и болничари во координација со Министерството за здравство и Националниот координатор за трансплантација др Маја Мојсова Мијовска.
Голема благодарност до болничките координатори од КАРИЛ и Неврохирургија кои ги водат пациентите во мозочна смрт и разговараат со смејството за можноста за донирање на органите, во тие најчувствителни моменти. Благодарност и до тимовите во Рентген институот, од Институтот за трансфузиологија, од Клиниката за нефрологија и Клиниката за кардологија како и тимовите за трансплантација од хируршките клиники и тоа Кликината за кардиохирургија, Урологија и Ортопедија, како и од приватната болница Жан Митрев.

Во период од само 24 часа од поставување на дијагнозата за мозчна смрт сите овие тимови направија експлантација и трансплантација на повеќе органи и покажаа како беспрекорно функционира здравствениот ситем.

Најголема благодарност за семејството за 44 годишната жена која ноќва спаси најмалку три животи. Благодарност до нејзиниот сопруг, нејзините деца и најблисото семејство. Тие покажаа што значи хуманост во најтешки моменти.

Во изминатата една година во земајва се направени пет трансплантации од починат донор и притоа се трансплантирани четири срца и 10 бубрази. Направена е и прва експлантација и трансплантација на коски и коскени ткива.

Би можело да ве интересира

На Ортопедија првпат отстранет тумор на десна подлактица и заменет со коска од починат донор

Ана Ололовска

Извршена втора трансплатација на коскено ткиво кај четириесетгодишна штипјанка

А1он

Филипче: Пациентот на кој минатата среда му беше трансплантирано срце пуштен на домашно лекување

А1он

МЗ: Во тек е трансплантација на бубрег од починат донор, експлантирани се коскени ткива

Ана Ололовска

Филипче: Пациентот на кој во средата му беше трансплатирано срце полека се опоравува

А1он

Петта трансплантација на срце и две трансплантации на бубрези извршени во комплексот клиники „Мајка Тереза“

А1он