Во тек е тендерската постапка за превоз на ученици до штипските училишта

Од:

Фирмите кои го вршат транспортот на ученици за штипските основни и средни училишта можат до крајот на август да доставуваат понуди за бесплатен превоз на ученици до Одделението за јавни набавки во Општина Штип.

Кире Јорданов од Одд. за јавни набавки истакна дека проценетата вредност на тендерската постапка, која е за две години изнесува 38 милиони денари.

-Ова нема да биде обична постапка, нема да заврши со склучување на договор, туку ќе заврши со склучување на рамковна спогодба, која ќе трае две години, вели Јорданов.

Општина Штип неколку години наназад се соочува со превисоки цени за превоз на ученици од Плачковичките села до средните училишта во Штип.

-Транспортните фирми даваат повисоки цени за превоз на учениците, бидејќи во тој дел имаме помал број на ученици, односно по еден, два или три ученика. Токму поради ова доаѓа до превисока цена по ученик, па беа поништувани постапките и се бараше друг начин на превоз на ученици од тие села. Еве и оваа година мислам дека ќе биде слично, бидејќи е истиот начин на водење на постапките, вели Јорданов.

Градоначалниците во неколку наврати преку ЗЕЛС бараа да се промени методологијата за распределба на средствата за бесплатен превоз на ученици, бидејќи на помалите општини им остануваат средства кои ги добиваат од Министерството за образование преку блок дотациите по оваа ставка.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он