Во тек е голема акција за пролетно расчистување на Кисела Вода

Од:

Акцијата за пролетно расчистување која Општина Кисела Вода ја започна неодамна, продолжува да се одвива и денес.

Утринава околу 50 сезонски работници ангажирани од страна на општината, преку секторот за месна самоупрва и социјална заштита излегоа на терен и преземаа работни активности за расчистување во село Драчево, Пржино и Црниче.

Се чистат тревните површини, парковите, тротоарите и улиците кои се во надлежност на локалната самоуправа. Покрај ова, се кастрат и исушените гранки од дрвајата и грмушките.

Започнатите работни активности за пролетно расчистување на Општина Кисела Вода ќе продолжат да се одвиваат во наредните 15 дена.

Општина Кисела Вода апелира до сите граѓани за совесно однесување и почитување на Законот за Јавна чистота, како би придонеле за почиста и поздрава животна средина, соопштуваат од Општина Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

Општина Кисела Вода: Најостро ги демантираме сите изречени клевети од здружението „Стоп за Усје“

Манифестација „Спортист на годината“ во Општина Кисела Вода

Водоснабдувањето прекинато во дел од Кисела Вода

Горан Наумовски

ВИДЕО: Демнач плаши станари на зграда во Кисела Вода

Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска на увид во реконструкцијата на објектот на месната заедница во Пинтија

Предраг Петровиќ

Кривична за пироман од Скопје – предизвика пожар во возило во Кисела Вода

А1он