Во судовите во Македонија вработени 13 судски полицајци

Од:

Тринаесет лица минатиот месец се вработени во судовите во Република Македонија, на работно место припадник на судска полиција по пат на преземање од Министерството за одбрана.

Како што информира денеска Министерството за правда, пет лица се вработени во Основен суд 1 – Скопје, три во Основен суд Скопје 2, а едно лице во Виш Управен суд. По едно лице е вработено во Апелационен суд Битола, во Апелационен суд Гостивар, Основен суд Куманово и во Основен суд Дебар.

– Со преземањето на вработените од Министерството за одбрана и вработување во судската полиција ќе се зголеми безбедноста на судовите и ќе се овозможи континуирано и непречено извршување на правосудните процедури, се вели во соопштението од Министерството за правда.

Би можело да ве интересира

Ранета паднав на подот од училницата, убиецот беше мирен: Сведоштво на наставничката по историја од „Рибникар“

Предраг Петровиќ

Нападнат судски полицаец од Основниот граѓански суд во Скопје

Човек помина 50 години невин во затвор: Сега добива милионска отштета

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

A1on