Во Струмица в недела ќе се прегласува на 3 избирачки места

Од:

Во Струмица в недела ќе се прегласува на три избирачки места, така одлучи Управниот суд, кој ги одби тужбите на СДСМ по одлуката на ДИК за поништување на гласањето на три избирачки места во Струмица.

Тоа се трите избирачки места кај старата „Кожара“, во ООУ „Никола Вапцаров“ и во ООУ „Маршал Тито“.

Вкупниот број на гласачи во овие три места е 3.255, од кои на локалните избори во неделата на 24-ти март излегле да гласат 2.553 граѓани.

Од нив, 1.436 граѓани гласале за кандидатот на СДСМ, Зоран Заев, 1.034 за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Васил Пишев, 10 за Ристо Божијанов од СДПМ, 6 гласови за Панче Јаков од СДУ, а 67 биле неважечки.

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ