Во Струмица протест на граѓанската иницијатива „Протестирам“

Од:

Приврзаници на граѓанската иницијатива „Протестирам“ вечерва се собраа пред зградата на јавната администрација во Струмица и ги повторија барањата за итно повлекување на одлуката за аболиција и за оставка на претседателот Ѓорге Иванов.

Поворката од пред зградата на јавната администрација се упати кон зградата на Општинскиот суд, Управата за јавни приходи и низ централните булевари.

Организаторите велат дека ќе продолжат со протестите се додека не се исполнат во целост сите нивни барања меѓу кои се и произнесување на Уставниот суд за уставноста на Специјалното јавно обвинителство и одложување на парламентарните избори на 5 јуни.

Протестот под полициско обезбедување помина без инциденти.

Би можело да ве интересира

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

Протест „Стоп за УСЈЕ“, се бара дислокација на цементарата

Протест во Тунис прерасна во судири со полицијата